Премиерот Димитар Ковачевски, го искажа својот став околу одлуката да се покачи ДДВ-то за луксузни производи, меѓу кои е донесена одлука за некои продукти на пример лутеницата исто така да биде покачен данокот.
„Прво имаше многу детален брифинг од Министерството за финансии за одлуката, која одлука доаѓа како дел од даночната реформа. На неа работеа голем дел од експерти, и беа вклучени и претставници од академската заедница и од стопанските комори, и даночната реформа помина и во собранието. Треба да се има во предвид дека ДДВ-то во нашата држава е најниско во регионот, па и речиси во цела Европа. Ние имаме 18%, Србија 20%, Грција 21%, Албанија 20%, што значи дека сите имаат повисока“, изјави Ковачевски.
Премиерот кажа дека се шират невистини за поскапување на некои производи, особено оние од повластената листа.
„Кога ќе ја видиме листата на повластени производи, на таа листа се 1.600 основни продукти, и тоа е најголемата листа на повластени производи, и тука спаѓаат основни производи. Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно. Хистерија се шири за ова и сметам дека е непотребно. Така што овие производи кои се прозведуваат на 5%, и се однесува на 1.600 такви продукти кои остануваат на 5%, имаме гарантирани цени кои се оставени на стапки од 5%. Она што е направено е направено да го штити стандардот на граѓаните, второ ќе видите дека струјата не поскапи, не поскапи парното, ниту храната“, додава тој
Вели дека не постои никаква селективност во спроведувањето на мерки, и затоа треба да очекуваме до крајот на годината да дојдеме 5% инфлација која ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и Европа.
„Листата, доколку постои некој производ 2-3 производи кои претставуваат во колични нешто што се користи во секојдневна основа, може да се разгледаат. Но листата е добро прегледана, но тие се оние производи кои во најголем дел се користат во нивната секојдневна употреба. Тука спаѓаат и производи во производство на храна, исто така земјоделска механизација, ѓубрива, и така натаму“, вели Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.