Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д.

Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста – рече Бочварски.

Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата – потенцира Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.