Вицепремиерот Фатмир Битиќи гостуваше во „ТВ 24“, при што даде пофалба за потегот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која понуди помош во надминување на економската и енергетската криза.

Во период на криза, време за политика нема, затоа што на крај на денот сите работиме за иста цел, а тоа е за граѓаните. На средбата очекувам присуство не само на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ туку и на неговиот тим од политичката партија кој што секако се добродојдени за да ги кажат своите видувања, кажа Битиќи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.