Гледам колку се пораснати Импут 1, односно сите оние елементи како ѓубрива, енергија и сите трошоци за земјоделецот колку се пораснати во однос на лани и во август последна броја е објавена значи овој Импут 1 кој е најзначаен и највеќе влијае врз Аутпут цената во земјоделството се пораснати за 23 проценти, рече Маја Кадиевска Војновиќ член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Само ѓубвривата што ги користат земјоделците се пораснати за 58 проценти, а енергијата, течни горива, мазива и цела останата енергија што ја користат земјоделците за 40 проценти, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи на тоа дека aко трошокот на земјоделецот му е зголемен за 23 проценти истиот земјоделец во месец август Аутпутот го продавал за 12 проценти. Тогаш значи земјоделецот вака преметано има загуба.

Вториот елемент во нашата кошница на производи како се пресметува инфлацијата. Имаме земјоделски производи и производи од преработувачка индустрија произведена од домашни производи, меѓутоа имаме и одредени стоки и услуги кои доаѓаат од увоз, кажа Кадиевска Војновиќ.

Таа истакна дека кај производителите на индустриски и домашен пазар за сите производители во просек во август овие цени на производители на индустриски производи се пораснати за 26 проценти.

Кадиевска Војновиќ заклучи дека инфлацијата не постои од вчера, туку инфлацијата во Македонија е разгорена од aприл минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.