Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за „24 инфо“ истакна дека Владата предводена од СДСМ успешно менаџира во услови на економска и енергетска криза, спроведува голем број мерки и најави и нови антикризни мерки.

Покажавме дека се грижиме, дека никој нема да биде изоставен и дека таргетирано се насочува помошта онаму каде што е потребна, порача Битиќи, додавајќи дека оваа криза, како и ковид кризата е непредвидлива и бара навремено и постојано прилагодување

Битиќи се осврна на последните донесени антикризни мерки – дел кои се директна финансиска помош за најранливите категории на граѓани, дел се за помош на одржување на ликвидноста на компаниите како и механизми за справување со енергетската криза.

Фискалните импликации на овој пакет мерки се над 360 милиони евра, од нив над 18 милиони евра се директна финансиска помош за околу 200.000 граѓани, кои се најизложени на неизвесност, нагласи Битиќи.

Во врска со енергетската криза Битиќи рече дека мерките за субвенционирање веќе е обезбедена стабилност и предвидливост за компаниите кои во најголема мера спаѓаат во групата на микро, мали и средни компании и тука спаѓаат 70.000 компании.

Мерките кои се донесоа како дел од енергетскиот антикризен пакет за поддршка на бизнисот засега се однесуваат на кредитирање на компаниите кои со користење на овие исклучително поволни кредитни линии ќе имаат можност да го пребродат овој кризен период, нагласи Битиќи.

Тој истакна дека на слободниот пазар за електрична енергија се околу 1.600 субјекти (приватни и јавни) и следната одлука ќе е за овие субјекти кои се на слободенот пазар за електрична енергија.

Размислуваме за воведување на фиксна цена на електрична енергија од – до со која што би се субвенционирале компаниите преку различни форми, дали е тоа ЕСМ и електричната енергија која ќе се произведе од ЕСМ и се работи на подолгорочно решение, порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи соопшти дека во завршна фаза се преговорите со Европската Комисија која веќе одобри сума од околу 1 милијарда евра за помош на земјите од Западен Балкан и дека од ММФ на државата ќе и бидат одобрени 530 милиони евра, од кои уште оваа 2022 година може да се повлечат 110 милиони евра за буџетска поддршка и подобрување на ликвидносната позиција на буџетот.

Важно е едно да биде јасно, државата обезбеди целосно покривање на потребите за производство на електрична енергија да е од домашни капацитети. Струја во моментов за сите домаќинства и мали и средни компании на регулираниот пазар има доволно. Секојдневно се следи производството и капацитетите и струја има. Без рестрикции само со рационално користење, односно штедење што е одговорност која сите мораме да ја понесеме со оваа криза. Економскиот тим непрекинато работи на изнаоѓање на колку може поповолни цени на енергенсите, како на оние кои се користат за производство на електрична енергија, така и на оние потребни за топлинска енергија, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за поратолот „24 инфо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.