Мислам дека вчерашниот да кажам успех на сите социјални партнери е за поздравување. Се случува прв пат, мислам во поновата историја на нашата држава, во која што сите социјални партнери седнуваат, разговараат со аргументи, можеби малку личеше дека имаме целосно спротиставени ставови и на синдикатите и на работодавачите, но не беше така. Имаше еден став дека минималната плата треба да се зголеми, но треба да дојдеме до заедничко прифатливо решение – изјави заменик-премиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за време на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“.
Битиќи вели дека тој во неколку наврати порачал дека единствениот начин за успех е дијалогот, дека мора да се разговара, за да се стигне на одржливо решение.
Вчера, постигнавме не само еден успех, туку неколку. Мислам дека да стигнавме до еден износ на минимална плата од 18.000 денари на која што сите гледаат различно, но сметам дека тоа што вчера беше договорено е уште побитно од само 18.000 денари. Вчера дефиниравме методологија за усогласување на минимална плата која што ќе гарантира дека минималната плата секоја година ќе се усогласува со 2 критериуми, а тоа е порастот на животниот стандард или инфлацијата, народски кажано не економски и второ порастот на просечната плата, се земаат уделите на двата по 50% и се создава коефицент со кој се усогласува минималната плата и второ е дека минималната плата никогаш нема да биде помала од 57% од просечната плата. Сметам дека ова е навстина тоа што треба да го поздравиме, креиравме механизам кој што еднаш засекогаш минималната плата полека ќе ја става ад акта – додаде Битиќи.
Тој вели дека нема да дозволат да се вратиме на она претходно ниво.
Само да се потсетиме дека во 2016-та година минималната плата беше на удел од 38% од просечната плата, со поставување на прагот од 57%, ние сме далеку над можеби сите земји од Западен Балкан. Тоа гарантира на секој еден работник што и да се случува понатаму дека никогаш минималната плата нема да падне под прагот од 57% од просечната плата. Тоа е успеход од дијалогот со социјалните партнери, успехот е заедничко решение и мислам дека тоа е најголемиот успех кој што вчера го постигнавме – вели Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.