Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју на регионалната телевизија Блумберг Адрија порача дека во Македонија е дојдено време да се отвори дискусија за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, бидејќи како што кажа увозот на работна сила е неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува Македонија.

Тој воедно кажа дека додека се работи на доквалификација и реквалифијација на одредени групи невработени лица, со цел да се прилагодат на потребите на пазарот, ќе мора да се најде начин и за дополнување на одливот на работници.

На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, вели Битиќи.

Прашан за тоа дали од 14 отсто невработени во земјава не може да се најдат квалификувани кадри за пазарот, кои би работеле во потребните сектори наместо да се увезуваат работници, Битиќи вели дека примарно работната сила ја бараат кај активните баратели на работа во земјава, но факт е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.