Инфлацијата се намали на 3 проценти, обвјави вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Според него, ова е доказ за успешноста на мерките и политиките на Влада во насока на запирање на растот на цените.

„Во месец февруари 2024 официјалните бројки на ДЗС бележат раст на трошоците на живот (инфлацијата) од 3,0% споредено со истиот месец од минатата година, што е најниско ниво на инфлација од јуни 2021, кога полека започнуваме да го чувствуваме влијанието на инфлаторните притисоци кои беа предизвикани како последица на неколку кризи: енергетската криза, војната во Украина, како и нарушените синџири на снабдување. Ова е потврда дека сите мерки на Владата во доменот на зауздување на растот на цените го даваат својот резултат. Во исто време се бележи раст на просечната плата на околу 540.000 илјади вработени, која достигна 40.000 денари во декември 2023 година. За една година имаме раст од околу 16% или 5.634 денари. Овој раст на платите секогаш е чекор пред трошоците, затоа успеавме реалната куповна моќ да ја зголемиме за 13% во истиот период“ пишува Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.