Додека проблемот со броилата сѐ уште е актуелен, Марко Бислимоски потврдува дека официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата игнорирајќи го овој проблем.
Бислимоски вели дека никој нема да биде оштетен.
Кај нас во Македонија сите броила се дигитални, но не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
На социјалните мрежи се споделуваат две фотографии направени после 13 часот кога треба да има евтина струја, а на кои се гледа дека броилото работи во скапата, а не евтината тарифа. Броилото е од новите, што значи не спаѓа во групата броила чии домаќинства ќе останат без евтина струја затоа што се од стар тип кај кои треба рачно подесување.
Тоа покажува дека и кај новите броила процесот не се одвивал автоматски, односно дека не сите домаќинства кои имаат од таквите броила користат ефтина струја во периодот меѓѕ 13 и 15 часот. Инаку, како што забележувате на втората фотографија, стрелката покажува на Т1, што значи скапа тарифа, наместо на Т2 што значи евтина тарифа.
Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.
Не е исклучена можноста за да постои зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми“ – истакна Бислимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.