Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски информира дека рускиот гас во Македонија доаѓа преку турски тек, а не преку Украина.

-Не верувам дека Русија ќе ја прекине испораката. Тоа би било лошо за сите економии, рече Бислимовски во гостувањето на Дневникот на Сител Тв.

Според него, државата очекува да продолжи испораката на природниот гас, а во однос на цените да има ниво како во последните денови.

-Мораме рационално да трошиме. Во криза мора да се штеди. Не е се исто како претходно. Цените на берзите покажуваат вакво ниво. Светлото на тунелот не го гледаме. За 2023, анализите покажуваат дека може да дојде до четирикратно зголемување на гасот. Мора секој да преземе индивидуални мерки, предупреди Бислимовски, додавајќи дека „најскапа енергија е онаа која ја немате“.

-Се следи ситуацијата и ќе преземеме мерки во рамки на своите надлежности. Владата кажа дека секоја разлика на поскапувањето на струјата ќе ја покрие, заклучи Бислимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.