Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска информираше дека продолжува трендот на пад на цената на горивата.
Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ, рече денеска Бислимовски на прес-конференција.
Тој очекува да продолжи трендот на опаѓање.
Сето тоа што се случува на светските берзи, го рефлектираме на нашите одлуки. Да се надеваме дека трендот ќе продолжи и ќе се одржат овие цени. Ние не измислуваме цени и работиме под стриктно утврдени методологии, истакна Бислимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.