Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изјави дека инвестирањето во фотоволтаици во државата ќе ни ја зголеми енергетската независност.

Фирмите и приватните инвеститори не штедат во инвестиции за фотоволатиаци. Рекордни 260 лиценци за градба на фотоволатиаци издал регулаторот, 150 се разгледуваат, а во јануари се кренале 30 фотоволтаични централи.

Над 150 мегават часови се произведуваат зелена енергија во моментот, но претседателот на регуалторната комисија за енергетика предупредува. Потребни се паралелни инвестиции, затоа што постоечката мрежа нема да го издржи домашното производство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.