Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и да не донесе промена на центата на електричната енергија само врз основа на ДДВ-то ќе се зголеми трошокот на граѓаните за струја, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во интервју за „Телма“ по најавите за зголемување на ДДВ-то за електрична енергија за домаќинствата од пет на 10 отсто од 1 јануари следната година.

Според Бислимоски треба да се даде малку простор и за „други покреативни решенија“ со цел да се избегне зголемување на вкупниот трошок за електрична енерегија кој би го имале пред се домаќинствата поради зголемување на ДДВ-то.

Јас вчера чув за оваа мерка која што се планира да се донесе. Значи и понатака ќе има повластена стапка на ДДВ, наместо 18 ќе биде 10 проценти. РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија само врз основа на ДДВ ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија. Мислам дека ќе треба да разгледаме и ние, да ни се даде малку простор и за други покретативни решенија со цел да се избегне зголемување на вкупниот трошок за електрична енергија заради ДДВ-то кој што би го имале пред се домаќинствата. Треба да застанеме малку да ја нагазиме топката да размислиме дали имаме потреба од зголемување на цена на електрична енергија, тука пред се зборувам за домаќинствата. Треба да застанеме малку да видиме каква ќе биде состојбата во 2023, па потоа да разгледуваме дали воопшто имаме потреба да носиме промена на ценатата на електричната енергија, вели Бислимоски.

Тој потенцира дека во ваква незапамтена криза секој пред се треба да се однесува солидарно и додава оти разбира дека општините и комуналните претпријатија имаат неколкукратно зголемени трошоци, но од друга страна, не слушнал пред се од комуналните претпријатија планови за подобрување на нивната ефикасност за работа.

Јас разбирам дека општините имаат неколкукратно зголемени трошоци, дека јавните комунални претпријатија се соочуваат со реален проблем . Нивните трошоци за струја во некои месеци да бидат повисоки отколку што би ги наплатиле од домаќинставата и од индистриските потрошувачи за давање на водни услуги, ама за жал не чув ниту еден предлог од овие јавни комунални претпријатија како тие би ја подобриле својата ефикасност за работа. Дистрибиција на електрична енергија во држвата прави компанија Електродистрибуција , таа има некаде околу 1 750 вработени , во три – четири најголеми града во државата водоводните претпријатија имаат преку три илјади вработени, не бива таа работа така. Значи секој треба да си ја подобри ефикасноста. Не може да имаме 65 отсто загуби на вода, кој е тој бизнис вие да произведете сто единици од нешто и 65 да ви пропаднат . Не можеме да бараме само помош, а да не се поправи ефиксноста на работата, потенцира првиот човек на РКЕ.

Околу снабдувачите со електрична енергија и нивните обврски, Бислимоски појаснува дека доколку некој снабдувач не испорачува според договорот може веднаш да биде суспендиран од пазарот на електрична енергија, а не да се чека 45 дена како што беше досега.

Доколку три дена по ред има сериозни отстапувања во однос на тоа што набавил споредено со неговата потрочувачка операторот на пазарот ќе може да го суспендира овој снабдувач со електрична енергија, значи не може да ни се повтори тоа што беше минатата година. Понатаму секој нов снабдувач кој што ќе сака да учестува на пазарот на електрична енергија ќе треба да даде гаранции дали тоа ќе биде еден или два милиони евра ќе видиме, правиме и консултации дали е тоа во согласност со постоечкиот закон за енергетика, според мене е, така да ќе го подигнеме критериумот за учество на пазарот со цел снабдувач кој што не ги плаќал своите трошоци за дебаланси да има гаранција дека може веднаш да ги плати овие дисбаланси, појаснува Бислимоски.

На прашањето дали има контрола и дали се почитуваат ограничените маржи за електрична енергија, претседателот на РКЕ вели дека според нивните сознанија тие апсолутно се почитуваат .

Со намалувањето на маржата одредени снабдувачи престанаа да се јавуваат на тендери кај државни и општински институции, вели претседателот на РКЕ.

Можното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија од 5 на 10 отсто од 1 јануари идната година е само една од ставките во конечната цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да одреди кое и какво ќе биде влијанието, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.