Да бев во позицијата да им кажам дека платите може да се зголемат за 30% и повеќе, тоа ќе беше хит и за граѓаните и за стопанството, рече министерот за финансии Бесими, во вечерашната емисија Вин Вин.
Тие платите ги добиваат од даноците и од стопанството. Мора да расте продуктивноста на економијата за да има повеќе приходи и јавниот сектор да биде поефикасен во услугите и исто така да го следи раст на пари во приватниот сектор. Нема магија. За да има повисока плата мора да има поголема продуктивност во економијата. Кога зборувам за буџетски средства. Тука има економско-социјален дијалог. Владата досега, барем оваа година покажа голема кооперативност. Тоа е отворена тема, затоа кажав дека јас не сум адресата. Министерството за финансии кажува само дали тие политики можат да се вклопат во еден одржлив буџет, образложи Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.