Планот за забрзан раст со чија реализација е предвидено удвојување на стапките на раст, транзицијата кон зелена економија, енергетската криза, но и преземените мерки со кои се забави инфлацијата, како и оние кои ќе се преземат во наредниот период беа едни од суштинските теми на кои министерот за финансии Фатмир Бесими дискутираше со Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија Јасмин Чекири, менаџер за Оддел за макроекономија, трговија и инвестиции за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка.
Првиот пакет мерки беа со цел да успори инфлаторната спирала, следните мерки ќе бидат насочени повеќе кон одредени целни групи кои се најзасегнати од кризата и кои без тие мерки не би можеле да ги надминат овие ефекти. Ова е впрочем и препораката на меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска банка, но и на Европската унија – да се делува со мерките кон целни категории, истакна Бесими, посочуваат од Министерството за финансии.
Бесими воедно во делот на политиките за справување со енергетската криза, нагласил дека од Буџетот на Република Македонија за 2022 година, од почетокот на годината исплатени се средства во износ од 5,3 милијарди денари како финансиска поддршка за АД ЕСМ Скопје со цел справување со енергетската криза.
На ваков начин преку навремена поддршка во енергетскиот сектор беше надминат проблемот во снабдувањето со електрична енергија, се заштитија граѓаните од ценовните шокови, а за компаниите се обезбеди најповолната цена на електричната енергија, посочил Бесими.
Тој истакнал дека се посветени на реализација на Планот за забрзан раст чија цел е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се намали фискалниот дефицит и да се задржи долгот на стабилно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.