Министерот за финансии, Фатмир Бесими, најави дека со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси.

Во гостувањето на ТВ Сител, Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до крајот на мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи.

Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и енергенси ќе се додадат – изјави министерот.

Според Бесими, со ребалансот веројатно ќе има потреба и за зголемување на дефицитот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.