За време на ковид се зборуваше за некоја нова нормалност од економски аспект е да се мине низ различни кризи, после ковид инфлација, па сега војната во Украина. Без да заврши една криза почна втора па трета, а сега војна. Имаме вистинска војна, сликите се како во Втората светска војна. Која е веројатноста за следна криза. Ризикот е дали, во втората половина од годината кога сите го ревидираа растот на пониско ниво, дали тоа ќе предизвика стагфлација, тое е нова рецесија. Тоа е најголемиот предизвик. Реагиравме во првата половина од годината со мерки, но шокот беше многу поголем и ние се принудивме да имаме реалокација внатре во буџетот, па пакетот мерки го сумиравме на 400 милиони. Некаде се директни, некаде индиректни, а заклучно со минатата година се 650 милиони евра и сега ребалансот е одговор на тоа што се случи, рече во вечерашната емисија на Телма „Вин Вин“, министерот за финансии Фатмир Бесими.

Шокот е толку голем и да се прилагодиме стопанството да има помала штета. Наш главен трговски партнер е ЕУ, најпогоден е европскиот пазар. Сѐ што се случува на европските пазари се пренесува кај нас, зашто имаме фиксен девизен курс во однос на еврото. Учеството на прехрамбените производи кај нас е повеќе од 50%. Тоа дополнително влијае врз инфлацијата. Па оттука во четири месечниот период, просекот на инфлација од 8,4%. со тоа што април надмина 10%, тука гледаме дека учеството на прехрамбените производи е над 18%, 29% се цените на нафтените деривати. Со мерките кои ги преземаме и кои ќе ги преземеме ние нема да ги решиме проблемите. Тоа што граѓаните треба да знаат е дека енергијата ќе треба да се штеди, бидејќи цените не се одржливи на ова ниво кое го имаме сега ние, во споредба со светските и европските пазари, вели министерот Бесими.

Тој вели дека не се само зборови, бидејќи има фонд за енергетска ефикасност во Развојната банка и дека владата прави чекори за подобрување на енергетската ефикасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.