Важен момент тука се пристапот до европските фондови, но и растот на странските инвестиции, како едни од повеќето придобивки за економијата од ЕУ-интеграциите. Имајќи предвид, дека во Планот за заздравување на економијата и забрзан економски раст, се планира преку инволвирање на повеќе извори на капитал со цел да се удвои економскиот раст во земјава и да се достигнат историски највисоки стапки од над 5% одржлив раст, од економски аспект, интеграциите кон Европската Унија игра важна улога во спроведувањето на овој план, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Ако се земат искуствата од другите земји од евроинтеграциите, тие упатуваат на зголемување на економската активност, подобрување на конкурентноста и на надворешно-трговската размена, зголемувањето на странските инвестиции и отворањето на нови работни места. Кај Чешка, на пример, економскиот раст забрза од 2,7% на 6,1% по пристапувањето во Унијата. Интеграцијата има позитивно влијание и врз развојот на инфраструктурата, а позитивно влијае и врз другите сектори како информатичката и телекомуникациската индустрија, туризмот, земјоделието и образованието.

Општи придобивки од ЕУ се стабилноста, демократијата, безбедноста и просперитетот, стимулот и поддршката за раст на БДП, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, растечки внатрешен пазар и домашна побарувачка, слободно движење на работната сила, стоки, услуги и капитал, пристап до пазар од 450 милиони потрошувачи. Во однос на макроекономските влијанија, се растечкиот прилив на странски директни инвестиции поради зголемена деловна доверба, намалени ризици, поголема мобилност на работната сила, ефикасен транспорт, посилна конкуренција и поттик за иновации, систем на државни субвенции усогласен со регулативите на ЕУ, полесен пристап до финансиски институции и фондови дополнително зголемување на БДП и раст на индустриското производство поради повисока динамика на извозот.

Придобивки има и за компаниите. Тука се зголемениот пристап до ЕУ фондовитеи поддршка за малите и средни претпријатија. Нема царински или квантитативни ограничувања и поедноставена е административна процедура во тргувањето со други земји-членки на ЕУ. Во однос на намалување на трговските бариери вреди да се спомнат и заемната сертификација на стоки, единствен стандарден процес на сертификација за целиот регион и спроведување на политиката за конкуренција и правата на интелектуална сопственост.

Накусо, од економски аспект придобивките се неспорни. Република Македонија по долг период на стапки на економски раст во просек околу 2,5%, а потоа и економските шокови од пандемијата, енергетската и ценовната криза, јасно укажуваат дека на нашата економија и е потребен бустер, катализатор, кој ќе го забрза растот. Имаме силна и издржана стратегија со Планот за забрзување на растот и имаме можности кои треба да ги искористиме. На крајот, комплетната слика секогаш е важна за носење на вистински одлуки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.