Цената на бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат, а дизелот се намалува.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 82 денари по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува на 1,5 денар и ќе чини 84,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре дизелот ќе се продава по цена од 73 денари по литар.
Се намалува и цената на екстра лесното масло од 73,5 на 72 денари, а цената на мазутот од утре ќе изнесува 37,6 денари, односно покачува за 0,5 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.