Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 85,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС 98 е 88,00, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 94,50 денари.

За 0,277 денари се намалува цената и на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.