Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека оваа институција почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на елекреична енергија до домовите на граѓаните и до компаниите.

Би сакал да ве известам дека е отворена постапка за испитување на новата давачка за пренос и дистрибуција на електрична енергија, која за прв пат се појави на последните сметки за струја. По добивање на одговори од ЕВН, Регулаторна комисија за енергетика и ЕСМ, ќе бидете известени за исходот од постапката, објави Јован Андоновски заменик омбудсманот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.