Бензините од денеска се продаваат по нова, поевтина цена. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на бензините од денеска се намалија за два денара за литар, па така, литар еуросупер БС-95 се продава за 86,5 денари, а еуросупер БС-98 чини 88,5 денари.
Цените на останатите горива, пак, остануваат исти и нема да се менуваат.
„Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто“, велат од РКЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.