Секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, а утре на седница на Влада ќе бидат избрани производите односно 25 категории на производи кои ќе бидат намалени за 10% во однос на цената која ја имале на 1 август.

Утре на седницата на Владата ќе биде доставена листата на цени, а од среда ќе почнат засилени контроли на ДПИ каде што ќе бидат вклучени и членови од Владата. Би сакал да ги повикам сите чинители во нашата држава, производителите и трговците, чии производи не се на листата, да се јават во министерството за да се прошири опсегот на поевтинети производи. Денеска ќе имам состанок и со производителите на пијалоци и со дистрибутерите, со цел следната одлука да бидат вклучени и тие во одлуката за намалување на цените до 30 ноември – рече Бектеши.

Бектеши откри дека ќе се намали цената на одреден производ без разлика кој го произведува, увезува или дистрибуира, а не само на одреден вид на производ.

Ако се намалува цена на шпагети, ќе се намалат сите видови на шпагети, не само од еден производител. Се работи за 25 категории на основни производи, а според бројот и видов на производи, се работи за повеќе од 50 – додаде тој.

На листата се речиси сите прехранбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија, а таа е преземен од Државниот завод за статистика и нивната методологија според тоа кои производи се трошат најмногу во нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.