Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат и убеден сум дека до 10 ноември ќе ги имаме целосните анализи за сите производи опфатени со одлуката, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Навремено минимум 15 дена пред истекот на рокот граѓаните и компаниите ќе бидат известени дали ќе продолжат и понатаму да важат. Во случај да оцениме дека треба да продолжат да важат ќе важат минимум до крајот на годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на паузата на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија (АХК).

Најави дека се при крај и креирањето на антикризните мерки и новиот закон за нефер трговија.

Согласно моите сознанија антикризните мерки се при крај и до крајот на месецов траба да се усвојат на Влада. За законот за нефер трговија деновиве ќе имаме дополнителна консултација за сите забелешки што ги добивме и од страна на трговците и од страна на другите чинители. Во моментот кога ќе биде готова драфт верзијата ќе ја пратиме во Влада, а потоа и во Собранието. Законот ќе се носи со европско знаме бидејќи се трнспонираат повеќе директиви од Европската комисија. Имајќи ги во предвид процедурите би требало да биде усвоен во текот на наредниот месец заради тоа што мислам дека е поддржан и од опозицијата, бидејќи е законско решение кое оди во прилог на потрошувачите и граѓаните, прецизира Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.