Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денес ја посетија фабриката за масло за јадење „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес“ во Велес.
Двајцата министери остварија средба со менаџментот на компанијата по што беше заклучено дека во моментов снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните капацитети, но има и зејтин за потрошувачка.
Како што истакна министерот Бектеши, мерките кои што ги донесе Владата даваат резултат, од информациите на терен од производителите и трговците има залиха на масло за јадење за граѓаните и уште еднаш порача дека нема потреба да се прават непотребни залихи.
Министерот Бектеши потенцираше дека е започнат увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, а се работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.
Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките, имајќи во предвид отворените и тарнспарентни разговори кои ги имавме и со производителите на масло за јадење и со трговците во моментов ситуацијата е стабилна во делот на снабдување со сончоглед на трговците на мало воедно на маркетите, а дополнително на тоа се одвиваа стабилно и во контиунитет и увозот на сурово сончогледово . Со последните одлуки на Владата кои се прават во координација помеѓу двете министерства веќе почнува да се увезува и рафинирано масло за јадење од страна на нашите соседи. Во тој дел мерките на Владата како што се гледа и на терен ги дават соодветните резултати, во однос на количините, ги имаме сите количини на домашниот пазар потребни за нашата потршувачка, а дополнително на тоа значи работиме и на дополнителни мерки се со цел да се зголеми и пропизводството на сончоглед, кажа Бектеши и додаде дека главна цел на Владата е да се зголеми домашното производство, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.
Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните. Сите мерки кои ги носиме имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури. Обезбедивме 400 милиони денари Интервентен фонд како директна помош на земјоделците. Сега секој земјоделец добиварекордна поддршка и субвенција. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури. Распишавме наменски јавен оглас и на располагање ставаме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште за обработка со стратешки култури во 14 региони низ државата, каде овие култури успеваат, рече министерот Николовски.
Генералниот директор на „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес“ Горан Лазов подвлече дека ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи.
Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарт кажа Лазов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.