Заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа главните теми на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку која што се одржа во Тирана.
Двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во инднина Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти кои што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.
Како две соседни земји ќе продолжиме да носиме мерки за справување и со енергетската криза, но и да реализраме проекти за наше поврзување и на енергетски план и на инфраструктурен план. Доказ за нашите цели и заложби се тоа што и двете Влади засилено работат на реализација на стратешки определби за поголемо регионално поврзување, кажа министерот Бектеши на средбата со Балуку.
Двајцата министри во делот на соработка со помеѓу Албанија и Македонија разговараа и за проектот за Интерконективно поврзување преку Изградба на интерконективен надземен вод од 400 kV Битола (MK) – Елбасан (AL) кој претставува последен дел од реализацијата на коридорот 8 (Исток – Запад) за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.
Проект кој има големо регионално значење.
На крајот на состанокот двајцата министри се согласија дека и во иднина преку заедничка соработка ќе продолжат да работат на реализација на заеднички преокти кои што ќе придонесат за раст и развој на двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.