Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого. Но, во исто време е обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт, да создадат основни услови за сите жители и да побараат од жителите да си ги исполнат обврските. За општина Арачиново со години се зборува, штета што во 21 век век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија КликПлус на ТВ21.
Министерот Бектеши истакна дека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета.
„Во моментов загубите на електрична енергија на државно ниво се близу 100 милиони евра по сегашни цени, додека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета“ – рече министерот Бектеши.
Со промената на моделот за наплата на електрична енергија или со воспоставување на блок тарифи, граѓаните мора да ги видат своите броила во моментот кога ги добиваат сметките за електрична енергија, доколку тие не одговараат на количината на потрошена електрична енергија, веднаш може да поднесат преставка до ЕВН и во РКЕ кои се надлежни и кои решаваат проблемите во рок од 48 часа.
„Со последните измени на законите кај нас, злоупотребата на електрична енергија е кривично дело и обврска на државните институции е да не дозволуват злоупотребата на електричната енергија бидејќи на ЕВН им се прифаќат загубите на електрична енергија во мрежата при формирањето на цената на струјата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, затоа институциите не треба да дозволуваат да се злоупотребува струјата до овој степен, бидејќи тоа влијае на цената на енергијата за секој граѓанин и секоја општина. Секој потрошувач на струја има исти обврски“, истакна Бектеши.
Министерот Бектеши изјави дека регионот и сите земји во светот ги очекува една тешка зима, но надлежните институции во земјава ги прават потребните подготовки за што полесно да се справат со оваа криза.
„На глобално ниво нè очекува тешка зима, ЕУ е многу зависна од снабдувањето со природен гас од Русија, покрај цената на природниот гас, се предупредува дека може да дојде до целосно исклучување на соодветните земји, како е случајот со Република Бугарија, има термоелектрани кои работат со природен гас, кои произведуваат и електрична и топлинска енергија како што се случи во градот Скопје со ТЕ-ТО кој го снабдува со топлинска енергија, но паралелно произведува и електрична енергија од 200 MGW/h, но ние правиме соодветни подготовки, ги зголемивме локалните производствени капацитети, разговараме со соседите за
да не се прекине снабдувањето со електрична енергија или да нема пречки во преносната мрежа или познати како интерконекторите“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во однос на најавените мерки кои ќе почнат да се спроведуваат од 1 септември, министерот Бектеши изјави дека и намалувањето на потрошувачката за 15% помага во справувањето со енергетската криза. Обврска да штедат имаат централните институции, а секој раководител на институцијата месечно ќе одговара пред Владата за заштедите за претходниот месец.
Исто така, министерот Бектеши изјави дека за разлика од многу земји членки на ЕУ, кај нас не очекуваме рестрикции ниту во текот на зимата, со оглед на тоа што ќе ги исполниме потребите на домаќинствата и микро компаниите со локално производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.