Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа Банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година.

Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“ , а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментотакционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација.

Наградите во име на УНИБанка ги прими Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје, кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во Банката.

Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев.

Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на Берзата.

УНИБанка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија “Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори Министерот за финансии во Владата на РСМ, г-динот Фатмир Бесими, заедно со Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.