Сите земји во регионот јасно и гласно кажуваат во каква состојба се стоковите резерви, само кај нас власта е со празна реторика, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека загриженоста на граѓаните е поради нивната недоверба во власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски.
Патем, да биде уште потрагично, Стево Пендаровски тврди дека уште од ноември месец знаеле што ќе се случи, па логично се поставува прашањето зошто не презеле конкретни чекори Македонија да обезбеди доволни количини од животните потреби на граѓаните? Од српскиот претседател Вучиќ дознаваме дека Македонија побарала пченица и пченка и бараната количина ќе ни биде предадена. Власта невешто се правда и создава уште поголем сомнеж кај народот. Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Зошто државата дозволува раст на цената на лебот и дополнително осиромашување на граѓаните кои и онака плаќаат 30% поскапа струја и 70% поскапи горива во споредба со пред извесен период? Владата администрирана од Ковачевски или не знае како да го спаси животниот стандард или не сака. Трето нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.