За над 50 отсто би поскапело парното греење, ако има основ РКЕ да ги прифати барањата на компаниите за топлинска енергија. Тие веќе ги доставиле пресметките до комисијата. Две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски за Телма вели дека добро ќе се разгледаат нивните трошоци и за околу 10 тина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од први август. ДДВ-то за топлинска енергија останува 5 отсто, и за сега нема најава дека ќе се менува.

Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, снабдување за 54,2 проценти, а за производство, намалување за 29,42 проценти. Во постапка сме за разгледување, за 10 дена ќе знаеме што е, како е, се анализираат нивните трошоци. Ако се прифатат барањата за 54 отсто би било зголемувањето на цената на парното- вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Каква ќе биде цената на гасот во следниот период, Бислимовски смета дека тoa ќе зависи од европските земји.

Да видиме како и што ќе се случува. Најважниот дел е сега, дали европските земји ќе треба да ги полнат своите складови со природен гас. Ако има потреба од такво нешто, се очекува зголемување на цената, но не очекувам бројките да бидат луди, како лани – вели Бислимовски.

Извор: Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.