Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.
Наместо од точка А до точка Б, патникот стигнува на точка Ц, бидејќи банда хулигани упаѓаат и некој не може да си ја работи работата. Аеродромот е државна сопственост, треба војска и полиција да го обезбедува, а не приватно обезбедување. По кој критериум се прима обезбедување кое е приватно? Тешка злоупотреба на надлежностите е направена, вели Биковски за „Слободен печат“
Тој смета дека ќе има реакција и од Еуроконтрол
Веројатно Еуроконтрол ако не направиме сами нешто може да не исклучи од целиот систем и да останеме една дупка во Европа. Ќе дигне раце од нас. Во најблага варијанта ќе донесе свои луѓе кои ќе го работат тоа ако сме им битни во воздушниот простор, вели пилотот.
Целиот текст и видео овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.