Новиот претставник на Владата во Одборотна директори на Македонски Телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијатапретседател на одборот од редот на неизврши членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата.
„Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од155.000 денари.
Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 нето, како и Нина Ангеловска, со надоместок од 62.000 денари нето-износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.
Милев доаѓа од Царината каде беше советник на генералниот директор.
Тој беше член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а беше и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува. Во 2013 година, Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби. Милев е близок човек на поранешниот премиер Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.