Администрацијата ќе го парализира функционирањето на државата ако до 15 март не добие повисоки плати усогласени со минималецот- се закани Конфедерацијата на слободни синдикати.

Велат врие во јавната администрација – даваат шанса на социјалниот дијалог со владата – но ако нема решение велат ќе има генерален штрајк.

Ова доаѓа откако Владата одлучи минималецот кој главно го земаат работниците скокна на 18.000 денари.

Претседателот на конфедерацијата Благоја Ралповски рече дека побарале нова средба со Социјално-економскиот совет ама повратен одговор се уште не добиле. Дадоа рок до 15 март да се реши овој проблем. Ако не помогне, како што рекоа, разумниот дијалог – јавниот сектор ќе се радикализира.

Помлад полицаец, полицаец, виш полицаец, самостоен полицаец и главен полицаец, кои се на распон со пободив од 510 до 600, ќе имаат иста основна плата и ќе се случи порамнување на пет позиции. Доктор по медицина на клиника во терцијално здравство има плата од 35.756 денари а според коефициентот на сложеност по колективниот договор треба да има плата од 72.270 денари, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.