АД МЕПСО во првото полугодие од годинава реализира речиси двојно повеќе планирани инвестиции отколку во целата измината 2021 година, велат од компанијата.

-Политиката за развој и инвестиции со цел остварување на нашата визија за навремен и стабилен пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, а воедно и управување со доверлив и стабилен електроенергетски систем, во 2022 година претрпе големи измени, споредено со минатата година. Домаќинското и одговорно работење заедно со политиката на штедење допринесе процентот на реализација на планираните инвестиции само за првото полугодие од оваа година да биде поголем од цела 2021 година, порачуваат од АД МЕПСО.

Најавуваат дека стратешкото планирање и управување со инвестициите во електроенергетска мрежа ќе продолжи со уште позасилено темпо во периодот што следи, со една единствена цел подобрување на доверливоста и оперативноста на електроенергетскиот систем.

АД МЕПСО лани реализира 13,5 отсто од планираните инвестиции, а во првите шест месеци од годинава веќе се реализирани 21,03 отсто од планираните инвестици. Планот за годинава е да се реализираат инвестиции во вредност од 28.180.018 евра, а веќе се реализирани 5.925.893 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.