Скопје го направи токму она што како Европа го баравме од нив и штом го сторија тоа, наместо да ги забрзаме, ние ги запревме, вели потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, во кое, меѓу другото, говори и за грешките што Европа ги направила кон земјите од Западен Балкан, споменувајќи го и случајот со снабдувањето со вакцини, но како карактеристичен пример се осврнува на ЕУ перспективата на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакнува дека откако земјата направи сè што било потребно, првично беше запрена од Франција во пресрет на претседателските избори, а штом се реши прашањето за Франција, „повторно ги запревме поради Бугарија“.

-Македонија ја плати цената на владината нестабилност во Бугарија. Па, оваа работа е грешка. Иако постои толкување, доцнењето во целина е грешка, вели Схинас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.