Движењето ЗНАМ денешните избори ги оценува како „делумно фер и демократски“, а изборниот ден како релативно мирен.

Портпаролот на партијата Никола Мемов изјави дека оваа оценка се должи на две причини.

 

 

– Прво, и покрај тоа што Изборниот законик предвидуваше медиумско претставување на политичките претставници, сепак имавме нерамноправна претставеност во медиумите во текот на целата кампања. Имаше фаворизирање на четирите кандидати од најголемите политички партии.

Второ, имаше политички притисок врз нашиот кандидат за претседател преку монтиран судски процес поради одбрана на јавниот интерес наспроти бизнис интересите на фирми спонзори на власта. Димитриевски повеќе пати беше повикуван на судски рочишта и на распит во Обвинителството среде кампања, само со цел да се наруши неговиот личен углед и динамиката на нашата кампања, рече Мемов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.