До понеделник ќе се задржи многу топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работа.

УХМР за утре (сабота) во попладневните часови прогнозира развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјава.

-Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, информира УХМР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.