Кинеската Нова Година паѓа денеска, 1 февруари 2022 година, а прославата ќе кулминира со Фестивалот на фенерите на 15 февруари 2022 година.

Прославата трае дури 16 дена, но само првите 7 се сметаат за празник. Ова е Година на Tигарот.

2022 година е година на тигарот, додека 2021 беше година на биволот. Тигарот е третиот знак на кинескиот зодијак. Родените во знакот на Тигарот се храбри и активни луѓе кои сакаат добар предизвик и авантура во животот.

Во знакот на Тигарот 虎 (hǔ) се родени луѓето во: 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022 година.

Година Почеток на лунарната година Крај на лунарната година

Што им носи среќа на родените во знакот на тигарот:

Среќни бои: сина, зелена

Среќни броеви: 1, 3, 7

Среќни цвеќиња: цвет на слива

Среќен правец: север

Што им носи несреќа на родените во знакот на тигарот:

несреќни бои: бела

несреќни броеви: 4, 9



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.