За време на нејзиното сведочење за убиството на нејзината ќерка, Зорица Ѓорчевска од страна на адокатот на Љупчо Палевски беше прашана дали го познава Палчо. Таа рече дека не го познава лично, но оти знае кој е.

Татко ми од неговата фирма УПА го купи станот за што комплетната документација е предадена во Обвинителството. Знам и дека неговата фирма имаше канцеларија на поткровјето од зградата, рече Зорица.

Претходно додаде и дека не ги познава останатите обвинети и дека не е скарана со Александар, нејзиниот поранешен сопруг.

По ова излагање, адвокатот на таткото на Вања рече дека се откажуваат од тоа Зорица да биде и нивен сведок наместо само на Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.