Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на општина Дебарца поради Загрозување на сигурноста од член 114 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот пред 12 дена се јавил на телефонскиот број на британската амбасада и оставил заканувачка порака.

Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје, не се јавувам во македонска полиција затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

Поради тоа што постои можност осомничениот да се даде во бегство, доставен е предлог за мерка притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.