На регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец, синоќа во 18:50 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го привеле 23-годишниот М.А. од Лозово.

Тој бил забележан од полицијата како со возило „волво“ со италијански национални ознаки превезува мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода – информираат од МВР.

Во возилото биле пронајдени шест лица, сите мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

М.А. е приведен во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.