При претрес во домот на 33-годишен жител на Крушопек, полицијата пронашла 962 грама наркотична дрога – марихуана, како и 19 куршуми со калибар 7,62×39 мм.
Од Основното јавно обвинителство информираат дека јавниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка и за ова лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решенија на надлежниот суд на двајцата осомничени им е определена мерка куќен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.