Полициски службеници уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.

На 18.01 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираат од министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година.

Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.