На 02.01.2023 во 12.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во реката Вардар, во близина на мостот кај с.Кочилари, Велешко, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Министерство за внатрешни работи ја пронашле почината М.К.(55) од с.Сојаклари, Велешко.

За неа на 31.12.2022 во СВР Велес било пријавено дека се оддалечила од домот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.