Жена од кочанско пронајдена мртва во вода во канал за наводнување.
– На 25.07.2023 во 18.05 часот во СВР Штип било пријавено дека во вода во канал за наводнување во близина на населбата Оризари, кочанско, била пронајдена почината С.А.(77) од Оризари, за која на 24.07.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот. Екипа на Територијалната противпожарна единица го извадила телото, а смрт без траги насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, информираат од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.