Шеесет и петгодишна жена тешко се повредила при симнување од автобус на постојка на улица „Втора Македонска Бригада.

„На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “,информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.