На 30.06.2024 во 10:20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје.

Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18:30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.