На 11.02.2023 во 03.15 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека во с.Пресил, крушевско, во куќа сопственост на Џ.А.(34) од с.Пресил, настанал пожар.
Според пријавеното, при излегување од куќата неговата мајка Б.И.(66) паднала и се здобила со повреди, по што е пренесена во Медицински центар во Прилеп за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Крушево, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.