Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера во 15:50 часот, ја лишиле од слобода С.П.(27) од село Мралино, општина Илинден, која се сомничи дека околу 15 часот од домот на И.П. на ул.„Перо Наков“ одзела пари. Кај неа биле пронајдени парите.
Како што информира МВР, таа била приведена во полициска станица и по извршените проверки било утврдено дека претходно околу 12.00 часот нејзиниот татко С.П.(53) во полициска станица пријавил дека ќерка му се оддалечила од домот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.