Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на улица „Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје, откако по преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М. З. (30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Од МВР информираат дека вчера со лицето бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото.

Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.